Коста Хаџи Антоновски е идеен творец на Ликовната колонија-Мал ликовен Монмартр што секоја година се одржува во Битола. Годинава на 36. издание ќе учествуваат 90 млади уметници од 14 земји, по изборот направен од повеќе од 10 илјади пристигнати творби.
Коста Хаџи Антоновски (83 години) е вистински бард на македонската уметност и лик кој одбележува не само еден ден, туку огромен период во културата на својот град и во целата земја.