Косовец сакал со 10 евра да поткупи полицаец на ГП „Блаце“

 

Македонското МВР соопштува дека на 15.04.2025 година околу 19,30 часот на граничниот премин Блаце на влез во државата, полициски службеници го лишиле Ш.Б. (51) од Косово од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ .

При граничната контрола приложил документи за патничкото возило „фолксваген голф“ со косовски национални таблички што го управувал, а во пасошот ставил банкнота од 10 евра.

„Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од Министерството за внатрешни работи.