Корупција во обид, аналитичарка фатена со 10 илјади евра мито за социјален стан

Нов случај во борбата против корупцијата во кој МВР се чисти од корумпирани службеници.

Во акција на МВР е фатен полициски службеник со над 10 илјади евра мито.

МВР се уште испитува кај кого требале да завршат парите дадени како мито за добивање на социјален стан.

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани над 10 илјади евра. Акцијата ја спровело Одделот за внатрешна контрола со Одделот за криминалистичка полиција.

Тоа лице посредувало за добивање на социјални станови од Б категорија, но се испитува поврзаноста со други високи полициски службеници.

Извршен е претрес во службените простории кое лицето ги користело при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело а во неговиот дом е пронајдено и оружје кое најверојатно е без дозвола.

Во текот на денот се очекува МВР да објави повеќе детали за случајот. Министерот Тошковски повеќе пати најавуваше дека законот ќе важи за сите подеднакво и дека борбата против корупцијата ќе продолжи..