„Корумпирани кловнови“: Експерт од Албанија за предлогот на ДУИ за поделба на Македонија

Ѓерѓи Вурмо, член на Меѓународниот совет на виенскиот Институт за Подунавјето и Централна Европа и виш советник и поранешен програмски директор на Институтот за демократија и медијација од Тирана, ја парчоса идејата на ДУИ за регионална поделба на Македонија по етничка линија според урнекот на Белгија и на Северна Ирска.

„20 години на власт… што ја спречи ДУИ да направи ваков ‘патриотски’ чекор?! Корумпирани кловнови“, ја коментира Вурмо на Твитер објавата на порталот „Кос_дата“: „Најголемата албанска партија во Северна Македонија, ДУИ, ангажираше меѓународни експерти да изготват нов предлог за општини со мнозинство албанско население, по моделот на Белгија и Северна Ирска. Според македонските медиуми, ДУИ најверојатно ќе предложи создавање мнозински албански регион во С. Македонија. Ваквиот одговор следува откако ДУИ беше изоставена од Владата, и покрај тоа што го освои мнозинството од албанските гласови, што тие го сметаат за ‘непочитување на волјата на гласачите’“.