Македонско-американска студентска асоцијација (МАСА) објави дека на нејзиниот мирен собир за Македонија в недела во предградието на Детроит, Стерлинг Хајтс, ќе се обрати и конгресменот од Мичиген, Пол Мичел.

Мичел (61) е член на Републиканска партија и на Конгресната група за Македонија и за Македонците-Американци. Активно ја поддржа кандидатурата на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Собирот за поддршка на Македонија е закажан за 25 февруари од 11 часот по локално време пред Македонски културен центар во Стерлинг Хајтс.

„Мирно ќе се собереме и ќе кажеме НЕ за преговорите за името на Македонија и за идентитетот. Сите ние мораме да бидеме дел од оваа акција. Рашири ја информацијата. Нашата сила е во бројките!“, стои во прогласот на МАСА.