Ова го изјави членот на Комисијата, професорот Гордан Кајалџиев во синоќешното гостување во поткастот „На кавга со Иван“ на Канал 5.
Предлозите биле од екс-министерот з а правда Кренар Лога и од сто, одбрале 10 врз основа на критериумите што ги имале, вели членот на Комисијата, професорот Гордан Кајалџиев, пренесува Република
Калајџиев го објасни својот став дека е потребно да има повеќе помилувања, бидејќи условите во затвореите се многу лоши.
„Си имаме критериуми, тие се неформални, некои од нив дури ги имаме и на хартија. Иако законот го укина Уставен суд да не може за убиство, педофолија, обид за убиство итн, (да има помилување) овој што е најспорниот, никој не го знаеше дека е Барон или што било. Еден од тие другите имаше многу повеќе оружје.
Ние гледаме да е добар во затвор. По правило се гледа добро поведение, и во главно посебни причини се гледаат кај помилувањето секогаш, не е само добро поведение, старост.
Староста јас ја форисирам, другите не, јас сметам дека луѓе преку 70 години во вакви затвори не смеат да одат во затвор. Услови во семејство како болест кај дете, а тој самохран родител, болни родители, а нема кој да ги издржува, мајки на деца што се самохрани, особено болест на деца. Тоа беше причина за помилувањето на Ефремов“, изјави Калајџиев.