На 36 годишна возраст, Роџер Федерер е четврти на листата на најдобро платени спортисти на светот за 2017 година, а според многумина, тука има и финансиски аналитичари, тој веќе е близу до заработка од една милијадра евра. Тоа се пари од сите области што ги добил најдобриот тенисер во историјата на белиот спорт за време на 20. години играње.

Роџер Федерер е роден 1981. година во Ботмингем во Швајцарија и игра тенис уште од детството, а во 1999. година стана професионален тенисер. Тој е оженет и има четири деца, а неговата банкарска сметка се зголемува за неколку милиони од месец во месец.

Федерер освои 8 Вимблдона, 19 Гренд Слем турнири и 93 вкупно, сметајќи ги и Матсерсите. Американското бизнис-списание Форбс објави дека тенисерот заработил 104 милиони долари сам од турнирски награди за време на неговата кариера. Но тоа е помалиот дел од колачот зошто Федерер има долгогодишна рекламна соработка со автомобилски компании, компании за спортска опрема и други, па така неговиот последен голем договор е со позната компанија за тестенини кој му носи 40 милиони долари на секои пет години.