Колку навистина ни е катастрофално здравството ?

Според „The Euro Health Consumer Index “ кој го мери нивото на пристап на граѓаните до здравствени услуги Македонија во последниве неколку години  направила огромен скок и минатата година дошла на 20 позиција меѓу 35 европски држави каде што се мерел овој аспект на здравствената заштита.

Наспроти голем дел од македонските граѓани кои што сметаат дека земјата има катастрофално здравство ова европско истражување кое го користи и Европската Комисија покажува дека Македонија е пред Ирска.

Водечки земји во Европа според пристапот до здравствени услуги е Холандија, следуваат Швајцарија и Норвешка а на дното на листата се Албанија, Бугарија, Црна Гора и Романија.

Според ирските медицински експерти растот на Македонија од 27 на 20 место на оваа листа се должи на елиминирање на листите на чекање и воведувањето на „Мој термин“.

“Случајот со Македонија покажува што може да се постигне со имагиннација, детерминираност и јасно лидерство“, вели шефот на истражување  професорот Арне Бјорнберг според кого напредокот во сиромашна земја како Македонија покажува дека треба да се менува конвенционалниот пристап во здравството.

Оценките на европските експерти за здравство се случуваат во ситуација кога Македонија за неколку години ја напуштија стотици лекари специјалисти кои што својата среќа си ја најдоа во странство пред се Германија и Австрија.