Во понеделник кога започнува новата учебна година, а многумина од вработените се враќаат на абота по летниот одмор, приватните автобуси – нема да возат.

Се воведува редуциран сообраќај, дознава Телма.

Попрецизно кажано, приватните превозници ќе сообраќаат на една линија само по еден автобус и тоа еднаш во денот, наутро или навечер.

Доколку тоа се оствари, значи дека во Градот, според зимскиот возен ред, ќе недостасуваат 150 автобуси.

Недостигот на автобуси беше евидентен и летово кога ЈСП возеше со четириесетина автобуси помалку што придонесе скопјани , некаде и повеќе од ден час, да чекаат за и без тоа преполнетите и неклиматизирани автобуси.

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, рече дека ќе се обиде да бидат поправени околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е далеку зад бројката од 150, кои недостасуваат.