Најновите анализи на Центарот за граѓански комуникации покажаа дека само лани во Македонија јавните набавки достигнале рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција, споредено со последните 10 години.
На врвот е компанијата „Марковски Компани“ Борче ДООЕЛ Битола, која врши ископ во АД Електрани, и на оваа позиција доаѓа од 3. место во 2022 година. Како што може да се види од табеларниот приказ на ЦГК, „Марковски Компани“ во 2023 година има склучени 20 договори, во вкупна вредност од 3,2 милијарди денари, односно 52 милиони евра.
Сите договори на „Марковски Компани“ се склучени со АД Електрани за ангажирање механизација и специјализирана работна рака за потребите на РЕК Битола. За една година, „Марковски Компани“ успеала да ја дуплира вредноста на јавните набавки, со тоа што во 2022 година има договори во вредност од околу 25 милиони евра, а во 2023 година од 52 милиони евра, стои во извештајот на ЦГК.
На второ место според вредноста на договорите е АД „Д-р Пановски“, Скопје, која склучила 279 договори во вредност од околу 2,8 милијарди денари, односно 45 милиони евра. Вредноста на договорите на „Д-р Пановски“ во 2023 година се за 241 % поголеми од
2022 година, кога изнесувале 13 милиони евра, стот во извештајот. Во оваа рангирање за првпат се појавуваат „Стентон Градба“ Битола и „Спектартермо“ Скопје.