Стопанска банка а.д. Битола согласно Глава 6 од Правилата за котација, преку официјално соопштение дистрибуирано преку веб страницата на Македонска берза информираше за измени во органите на управување. Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски се избрани за членови на Надзорен одбор на 03.07.2024 година, додека Народната банка издаде согласност на 27.09.2024 година.
“Врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-25796/6 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Стевчо Јолакоски.
Исто така, врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-27231/8 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Игор Камбовски.” – се вели во објавата.