Навивачите на рускиот тим ја искористиле можноста на мечот со Вардар (2-1) да испратат политичка порака која се однесува на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ кој во Хаг пред два дена доби доживтна казна. Интересно оваа порака се појави на меч на руски тим, а такво нешто немаше на дуелите на кои настапуваа српските, а Партизан играше дома со Јанг Бојс додека Црвена Звезда беше на гости кај Бате Борисов.
За оваа политичка порака Зенит најверојатно ќе биде казнет со играње без публика во следниот домашен меч, а тоа ќе биде во 1/16 финалето во ЛЕ и тоа по нова година.