ЖРК Вардар го победи Турингер со 29-21 и со шест триумфи и сите 12 бодови ја заврши првата фаза, натпревари во групата А од Лигата на шампионките. Ракометарките на нашиот првак го повторија мечот, па и резултатот од првото соочување со Германките во кое во октомври славеа на гости со истиот исход. Денеска Турингер, кој во Скопје допатува со само 9 играчи се држеше сосема добро во првото полувреме. Една разлика од 4 за црвено црните на средина од воведните 30 минути, но и враќање со серија од 5-1 за егал на германките на полувремето (12-12).
Во второто се беше поинаку всушност се беше според очекуваното. Вардар брзо засили и по само десет минути игра имаше 20-14, што беше насока за конечниот резултат. Најдобри кај ЖРК Вардар вечерва во Јане Сандански беа Лакрабер со 7, Радичевиќ со 6 и Кузњецова со 5 гола, а кај Турингер, Лузумова даде 6 погодока.
ЖРК Вардар во новиот групен сегмент, а тој е во следната година пренесува 8 бодови што е гаранција дека ќе игра во четвртиналето во Лигата на шампионките и во оваа сезона.