Екс-премиерот Димитар Ковачевски, кој се надева на уште еден премиерски мандат (откако по оставката на 100 дена преед изборите побара и доби апанажа од 2.500 евра месечно) по парламентарните на 8-ми јуни, ветува дека ќе ги исправи грешките од минатото, но ќе се заложи да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска држава.
„Само членство во ЕУ ни гарантира европски животен стандард, европски институции, право и правичност за секој граѓанин. Нашата заедничка борба за иднината има суштинска цел, а не формална“, рече Ковачевски на синоќешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, пренесоа медиуми….
„Ви ветувам, ќе работам и ќе работиме ден и ноќ заедно со мојот тим да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска држава.
За европски животен стандард, за подобро образование, подобро здравство, за сузбивање на корупција, за држава по европски стандарди, за држава во која владее правото, за држава како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните“, посочи екс-премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски,