Ковачевски емотивен: Пендаровски ми рече дека нема да ме остави сам

Фото: Слободен печат

Првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски стана емотивен на Конвенцијата на Пендаровски. Тој истакна дека претседателскиот кандидат Пендаровски покажал лидерство и сподели лично сведоштво во времето кога беше доставен Европскиот предлог. Раскажа дека една вечер кога седеле сами со Пендаровски, тој му ветил дека нема да го остави сам.

„Тука пред сите вас, ќе ви кажам зошто Стево е нашиот иден претседател Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022 Стево и јас седевме заедно и тој рече: Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Знам дека од утре, сите популисти, сите националисти, сите противници на европската идеја за Македонија, сите оние кои се здружени со непријателите на Македонија, ќе застанат против тебе. И ќе поминуваш низ пекол. И затоа, нема да те оставам сам – објаснува Ковачевски за разговорот со претседателот во јули 2022 година.

Пендаровски му ветил на Ковачевски дека ќе стои рамо до рамо до него.

„Ќе стојам рамо до рамо и со пратениците со кои заедно ќе ја водиш битката во парламентот. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: ДА, Македонија треба го прифати европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа и го направи, тоа е лидерство. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери. Лидерите кои им мислат добро на својот народ и на својата држава“ рекол Пендаровски.

Лидерот на СДСМ пред присутните порача дека заедно со него, заедно со Пендаровски и граѓаните, државата до 2030 година ќе биде земја членка на ЕУ.