Минатата недела надлежните ставија „клуч на врата“ за маркети, аптеки и големи увозници на овошје и зеленчук поради непочитување на владините мерки. Некои од овие субјекти остварувале маржи и до 70%, што се прелеало врз цената на крајниот производ. Сега, како најново, дел од помалите продавници се здружени, сакајќи да ја изиграат владината мерка, се со цел да се направи поголем профит и обем кон работењето. Паралелно, „непослушните“ трговци ќе изгубат двонеделен промет и парично казнети од 500 до 10.000 евра. И покрај овие прекршувања, од ДПИ оценуваат дека владините мерки во голем дел се почитуваат.
Владината одлука опфаќа ограничување на бруто профитните маржи. Според одлуката основни прехранбени производи како млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко имаат ограничена маржа од 5%. Месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини имаат ограничена маржа од 10%, а свежото овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично имаат ограничена маржа од 15%. Оваа одлука важи за 1.000 производи и ќе трае до 30 април 2025 година.

Од 24 февруари до 6 март, Инспекцијата спровела 365 контроли во малопродажни објекти и 64 на големо, со што биле опфатени над 1 000 трговски субјекти. Констатирани биле 36 неправилности, а изречени се и казни од 42.000 евра.
Од Инспекторатот ги охрабрија граѓаните ако увидат неправилности да ги пријават на телефонскиот број 191. ДПИ располага со 192 пазарни инспектори, а 50 тимови се на терен.
Граѓаните се надеваат дека конечно ќе се освестат алчните трговци. Паралелно, живеачката во февруари пораснаа за 5%, а цените на мало за 4,2% на годишно ниво. Министерката за финансии се осврна на податоците од Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава, изнесува 0,5%.