Портпаролот на славниот пар Клуни, сопругата, адвокатката Амал и актерот Џорџ денеска во Лос Анџелес ги добија близнаците што ги очекуваа. И многу, многу не експериментираа со имињата на малите, па девојчето е именувано како Ела, а синот е Александар.

Породувањето на Амал Аламудин се случило во текот на попладнето во ЛА и минало во најдобар ред, а светските агенции јавуваат дека големиот љубовџија и шармер од низа филмови, но и од приватниот живот, бил пресреќен со новините. Ова за 57. годишниот Клуни се први дечиња.