Високите летни температури ја зголемена потрошувачка на електрична енергија особено поради интензивната употреба на клима уреди.
Од ЕВН-Хоум соопштуваат дека само во првите две недели од јули потрошувачката значително пораснала, со рекордна дневна потрошувачка на 17 јули, која е за 3.500 мегаватчасови поголема од просечната минатогодишна потрошувачка во истиот период, пренесе ТВ21.
За измерените 17 денови од јули, потрошувачката изнесувала 254.492 мегаватчасови, што е скоро 25.000 мегаватчасови повеќе во споредба со јули минатата година.
Со зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија, се забележува и зголемена инцидентност на системот за напојување.
Дефектите се почести, а во неколку случаи реони во главниот град останаа без електрична енергија.