Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров остави длабока трага во гигантот Барселона, со која освои 4 домашни титули и една Европска. Токму при денешната прослава на последната Шпанска, на дуелот со Хуеска (30-29) во кој неверојатната серија од 120 победи на сино-црвените во АСОБАЛ продолжи, на 37. годишниот Лазаров и соиграчот Недесбо им беше приредено топло, срдечно испраќање иако тие ќе имаат уште два меча за 9 кратниот Европски првак на Фајнл форот во Келн, следниот викенд.
https://www.facebook.com/ASOBAL/videos/10155367178227210/