Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров го загуби последниот меч во дресот на Барселона на Фајнал форот од Лигата на шампионите, а тој беше за трето место на турнирот во Келн. Барселона загуби од Веспрем со 34-30, а Кире даде 3 гола. Македонецот продолжува во Нант каде ќе се обиде да остане на врвно ракометно ниво.