Претседателот на ФИФА Џани Инфантино од утре е во посета на Кина, а иако нема официјална потврда, тема на разговорите ќе биде организација на некое од следните Светски првенства. Инфантино ќе биде примен и од претседателот на најмногубројната земја на светот, Си Џинпинг.
Првиот човек на ФИФА не сака да зборува пред да се случат првите разговори, но голем дел од медиумите и во Кина и во Азија, пишуваат дека оваа земја ќе биде домаќин на еден од мундијалите во 2030. година или во 2034. година.
“Сонот на многумина во нашата земја е овде да се игра Светско првенство во фудбал. Се надевам дека се ќе тече како што посакуваме, и ние и луѓето од ФИФА”, рече министерот за надворешни работи на Кина Лу Канг со што само ја потврди причината за посетата на Кина од страна на Инфантино.