Организаторите на пролетниот фестивал во Јулин и градските власти донесле одлука да го забранат користењето на месо од кучиња што беше традиција на долгогодишниот хепенинг во северно кинескиот град. Всушност зад одлуката, како што јавува британскиот Индепендент, стојат комунистичките власти кои се надеваат дека со овој потег ќе ја прекинат навиката на жителите од оваа провинција.
Јулин инаку е 24 милионски град во кој, покрај доминантната Кинеската, живее и голема корејска заедница, од каде и потекнува традицијата на јадење кучешко месо.