Официјален Пекинг најави дека утре ќе воведе дополнителни царини од 50 % за американските стоки.
Данокот на увоз на стоки од САД со тоа ќе достигнае до 84% , јави CNBC.
Ова доаѓа откако САД воведоа дополнителни 50% царини за Кина оваа недела – по двете претходни давачки од 34% и 20%, што значи дека американските царини за Кина од утрово изнесуваат дури 104% .
Претходно, Кина и соопшти на Светската трговска организација дека одлуката на САД да воведат царини за нив се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.
„Ситуацијата опасно ескалира. Како една од засегнатите членки, Кина изразува сериозна загриженост и цврсто се спротивставува на овој непромислен потег“, се вели во соопштението на Кина.