Финскиот “The Ice Man”, Кими Раиконен, беше најбрз во квалификации за Големата награда на Монако што денеска се одржаа низ улиците на Монте Карло. Членот на Ферари е прва пол позиција по девет години или вкупно 17. во кариерата.

Веднаш до него во првиот ред ќе биде неговиот клупски колега Себастијан Фетел, кој имаше заостанување од 0.043 секунди, а третопласиран е Валтери Ботас од Мерцедес со 0.045 секунди. Клупскиот колега на Ботас, Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот и го освои 13. место во квалификациите.

Во вториот ред заедно со Ботас ќе биде Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул, додека неговиот клупски колега Даниел Рикардо е петтопласиран.

Во пресрет на утрешната трка (14 часот), Фетел води со 104, шест поени повеќе од Хамилтон.