Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте ја посети Украина во својата прва официјална посета по преземањето на функцијата, објави Асошиејтед прес.
Тој во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По преземањето на функцијата, Руте вети дека ќе помогне да се зајакне западната поддршка за Украина, која се бори против руската инвазија. Тој увери дека може да работи со кој било од двајцата кандидати за претседател на САД, најмоќната членка на алијансата.
Зеленски разговараше со Руте за неговиот „план за победа“, ситуацијата на фронтот и потребите на украинските вооружени сили.
Руте ја потврди непоколебливата поддршка на алијансата за Украина Тој посочи дека Украина е поблиску до НАТО од кога било досега.
Во врска со изгледите за членство на Киев во НАТО, Руте појасни дека неодамнешните чекори преземени од Алијансата градат мост за членството на Украина во блокот.
Тие чекори, како што рече, вклучуваат 40 милијарди евра финансиска помош, билатерални безбедносни договори меѓу сојузниците и формирање нова команда на НАТО за координација на помошта и обуката.