Кедев прв Македонец и на четвртиот највисок врв во светот Лотсе! (ВИДЕО)

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев стана првиот Македонец што се искачил на четвртиот највисок планински врв на светот Лотсе (8.516 метри) на Хималаите, и тоа само осум дена по велигденското искачување на Макалу (8.485 м), петтиот врв по височина на планетата!

Лотсе, од кој повисоки се само Монт Еверест (8.848 м), кој Кедев го „покори“ во 2009 година како трет Македонец кому му успеало тоа, како и К2 (8.611 м) и Кангченџунга (8.586 m), се наоѓа на границата меѓу кинескиот автономен регион Тибет и непалската област Хумбу.

Со искачувањето на Лотсе вчера околу 7:22 часот по локално време, 61-годишниот штипјанец стигна до десет освоени врвови над 8.000 м од вкупно 14.

Покрај Монт Еверест, К2, Макалу и сега Лотсе, пред македонскиот пратеник од 2002 до 2006 година и кандидат за претседател во 2004 година, „капитулираа“ и Чо Оју (8.201 м), Даулагири (8.167 м), Манаслу (8.163 м), Нанга Парбат (8.125 м), Анапурна (8.091 м) и Броуд Пик (8.047 м).