Поранешната сшефица н СЈО, Катица Јанева повеќе нема да може да го користи правото на т.н. делумна слобода од затвор, откако била фатена дека не оди на работа.

Катица Јанева се вработи – само навечер ќе се враќа во „Идризово“

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“, но и делумн собода да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиени информации извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена, а Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

„Таа била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара, но со оглед дека го прекршила, веќе нема да ѝ биде дозволено“, потврди за „Пресинг ТВ“ директорот на Управата, Александар Пандов.