„Катимерини“: Заев вели дека нема потреба од менување на уставот

Додека Грција и поранешната југословенска Република Македонија се соочуваат со решение за долготрајното несогласување меѓу двете земји во врска со името на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, вчера рече дека не гледа причина за промена на уставот на земјата.

Заев рече дека Скопје веќе направи „голем чекор“ за справување со иредентизмот, истакнувајќи дека уставот на земјата последен пат беше променет во 1993 година.

Скопје се обидува да докаже дека „нема амбиции, без оглед дали се територијални или на друг начин … дека нема иредентистички цели“, рече Заев како што пренесе „Катимерини“.

Заедно со барањето за сложено име кое вклучува географска одредница, Атина повика и на промена на уставот, изразувајќи загриженост за деловите што укажуваат на иредентистички цели.

Весникот потсетува дека во вторникот, Заев рече дека Скопје е подготвено да прифати географска одредница на своето име и дека владата донесе одлука за промена на имињата на автопатот и на меѓународниот аеродром.

Грчкото Министерство за надворешни работи го поздрави потегот на ФИРОМ за преименување на аеродромот и автопатот, и го оцени како „позитивен чекор“, пишува Катимерини“.

Откако ќе се направат промените, веројатно грчкиот министер за надворешни работи, Никос Котиас, ќе замине за Скопје за да продолжи со разговорите.

Тој најави дека од Атина со авион ќе долета до новоименуваниот аеродром, што ѓе биде прв лет по многу години.