Регионалниот парламент на Каталонија денес гласаше за прогласување независност од Шпанија, додека шпанскиот парламент му одобри на Мадрид да преземе директна власт над регионот.
Каталонските пратеници го поддржаа предлогот со 70 наспроти 10 во гласањето кое беше бојкотирано од опозицијата.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно побара од сенаторите да одобрат директно владеење со регионот за враќање на „законот, демократијата и стабилноста“ во Каталонија.
Кризата започна кога Каталонците ја поддржаа независноста на спорното гласање на 1 октомври, пренесе Би-Би-Си.
Владата на Каталонија соопшти дека од 43 отсто од гласачите кои учествувале на референдумот, 90 отсто биле за независност. Но, Шпанскиот Уставен суд пресуди дека гласањето било противзаконско.