Градоначалникот на Тетово Билал Касами денска изјави дека посетата на шефот на ЦИА на регионот покажала дека меѓународнata заедница нема да дозволи iБалканот да биде дел од руското сценарио за дестабилизација, пренесува Телеграфи.

„Тоа се информации што ги имаат државните институции и меѓународните партнери. Функционерите на ДУИ се напнати, бидејќи за проблемите што ги имаат со органите на правдата, конечно мора да дадат отчет и да не се обидуваат тоа да го покријат со напнатоста на ситуацијата.

Знаете дека неодамна во регионот беше и директорот на ЦИА, кој со својата посета покажа дека нема да толерираат Балканот да биде дел од руското сценарио за дестабилизација“.

„ДУИ покажа дека е подготвена да соработува со секој … само за да биде на власт.

Во Велес ДУИ продолжува да биде во влада со Левица, во градот Скопје се вратија во власта, каде што Левица има и важна улога во Град Скопје, но она што е заеднички интерес на ДУИ и левица е да на штета на граѓаните.

Левица има политички интереси, а ДУИ има интерес да ја заштити нивната корупција додека беа во владата“, рече меѓу другото Касами.