Карантин на „Инфектологија“, и гостиварско село може да биде блокирано

Двајца починати и уште неколку во тешка состојба на клиниката за инфектологија во скопскиот „Клинички центар“ пишува порталот сдк.мк според кој клиниката се подготвува за прием на стотина пациенти од едно село во Западна Македонија.
Клиниката е ставена под карантин , од неа не може никој не може да влезе и да излезе а се проверуваат сите пациенти и персонал кои што дошле во контакт со 5 примени пациенти кои што се од Гостиварско.
Засега сомнежите се на Западно Нилска треска или Туларемија, првото е вирусно заболување а второто е последица на нехигена и зарази кои што се шират од змии, лисици и глодари.
Со цел да не се крева паника засега здравствените власти не откриваат кое е селото кое што може да биде ставено под карантин доколку се докаже дека таму има сериозна зараза.