Канал 5: Министерството за финансии ќе истражува дали Боки 13 и Лазаров го кршат законот

Министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров, најавува Канал 5.

Наведените лица немаат доставено барање до Министерството за финансии и аналогно на тоа Министерството за финансии нема издадено дозвола за приредување на наградна игра согласно Законот за игри на среќа и забавните игри, објави денеска Канал 5.

,,Воедно, заради значајниот интерес во јавноста за овој случај, во понеделник надзорните органи во состав на Министерството за финансии ќе спроведат соодветни контроли на оваа активност и во случај на утврдување на нерегуларности ќе се преземат соодветни мерки согласно Закон.

Сакаме да напоменеме дека МФ издава согласности за приредување игри на среќа согласно Законот за игри на среќа и за забавните игри, во којшто е дефинирано дека игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта.

Притоа посочуваме дека за наградната игра за која имате доставено прашање не е активност која се регулира со Законот за игрите на среќа, па оттаму и Министерството за финансии не е надлежно да издава согласност за приредување – Гивавеј на социјалните мрежи.

Дополнително, истакнуваме дека со оглед на тоа што оваа активност станува се почесто присутна на социјалните мрежи, во Министерството за финансии се разгледуваат можностите за нивна законска регулација”, се вели во информацијата од Одделението за односи со јавност на Министерството за финансии кое го пренесува Канал 5.

Што објави Канал 5

Осудениот криминалец што прави наградна игра молчи, реагира бизнис партнерот

По најавата дека финансии ќе проверува криминал Лазаров вели дека директорот на Канал 5 бил паметен ама сам се демантирал, Боки 13 молчи