„Се подготвува ли терористички напад во Скопје, Македонија. Ако е така ова може да биде сликата што ќе го докаже тоа. Вџашувачки резултати од следење на кибер просторот“, пишува на социјалните мрежи канадскиот експерт за антитероризам Мубин Шаих.
На едниот дел од фотографијата кој ја објавува Шаих кој е експерт за Национална безбедност и контра – тероризам и професор во Торонто се гледа лице со брада, најверојатно припадник на некоја радикална милитантна организација за кој нема детали.
На првиот сегмент од фотографијата се гледа нешто што наликува на импровизирана експлозивна направа на која што пишува “Shkupi“ или Скопје на албански јазик. Покрај направата на фотографијата се гледа и скалпел и пиштол.
Прашањето за можен терористички напад во Македонија, Шаих го поставува откако пред неколку дена исламски радикали се заканија дека Балканот е следна цел на ИСИС.
Суперкупот на Европа кој на 8 август се игра во Скопје меѓу Манчестер Јунајтед и реал Мадрид е еден од настаните за кои безбедносните служби стравуваат дека би можел да ги привлече исламските радикали во својот обид да предизвикаат хаос.
Според пораката на Шаих до фотографијата е дојдено преку интензивно следење на сајбер просторот на кој што свои фотографии и информации објавуваат членови и симпатизери на Исламската Држава и слични милитанти групации.
Шаих е поранешен припадник на службите за национална безбедност со искуство во тајни операции и експерт за ислам, радикализација, дерадикализација, како и познавач на религиозно мотивираниот криминал.
Соработувал со ООН, американски, канадски, европски институции и организации а пред американскиот конгрес како експерт за интернет пропаганда сведочел за „Социјалните медиуми кои ги користи ИСИС за своите цели“.