Канада не му се дава на Трамп!

Тврдењето на Доналд Трамп дека на САД не им треба ништо од Канада е „едноставно лажно“, изјави Џонатан Вилкинсон, канадски министер за енергија и потенцијален кандидат за замена на Џастин Трудо на премиерската функција.

Трамп одново „ја кани“ Канада да стане 51-ва сојузна држава на САД

САД немаат лесни алтернативи за канадската сурова нафта, ураниум и други критични минерали, рече Вилкинсон.

Тој предупреди дека ништо не е “надвор од масата“ кога станува збор за потенцијална канадска трговска одмазда, вклучувајќи ги и извозните даноци.

Вилкинсон го предупреди Трамп за неговите намери да отвори „војна за нафта“ со Канада, пишива Блумберг.

„Канадските нафтени директори се загрижени поради заканата на Трамп за зголемување на царините, но тие веруваат дека постои можност да се разговара за тарифите, како и за идна соработка, со претставници од новата американска администрација.

Вилкинсон истакна дека Канада се обидува да го одврати Трамп од зголемување на царините, но дека Отава „ќе мора да одговори“ ако тоа се случи, без оглед на потенцијалните исклучоци за енергија или нафта.

„Нема шанси Канада да застане и да го гледа уништувањето на нашата автомобилска индустрија или други индустрии.

„Ќе мораме да одговориме на промислен начин, на начин што всушност ќе создаде максимален притисок врз претседателот и врз земјите кои имаат корист од трговијата што ја прават со Канада“, рече министерот.