Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски за безмалку еден месец кампања на Фејсбук потрошил над двојно повеќе пари во споредба со сите негови конкуренти на изборите за шеф на македонската држава заедно.
Од 15 март до 13 април „пуленот“ на СДСМ за (само)рекламирање на социјалната мрежа платил 7.739 евра, речиси осум пати повеќе од вториот на листата, „претседателот на пола свет“ Бујар Османи со 1.002 евра за истиот период.
Трет е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 958 евра, а веднаш зад него Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците од Македонија со 801 евро.
Фаворитот на изборите Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за оваа намена потрошила 173 евра, Стевче Јакимовски од ГРОМ само 50 евра, а за Билјана Ванковска од Левица нема податоци.