“Дојде време кога не можам да кажам која сум јас, а тоа е ситуација со која тешко се соочувам”, рече актерката позната по улогите во филмовите номинирани за Златен Глобус, Бандите на Њујорк, Ванила Скај, Да се биде Џон Малкович, на свеченоста “Goop Health”, одржана во Лос Анџелес. Камерон Дијаз има 44 години и дилема како да се пронајде. Ќе се обиде со напуштање на Холивуд за исвесно време, а дека ова не е само маркетиншки трик говори и фактот дека таа нема преземено или закажано никаква ролја за следниот период.

Дијаз повеќе од 20 години е во трка во филмската индустрија и смета дека е доволно, зошто тоа и влијаело и на здравствената состојба. “Сакам одново да се почувствувам потполно”, вели ѕвездата која последен пат ја видовме во улогата на Госпоѓа Хениген во римејот на хитот Ени.

Камерон кариерата ја започна со 16 години како модел во Јапонија, а во последните години е приврзаник и ја практикува трансцедеталната медитација.