Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски во 24 анализа изјави дека двегодишната казна што беше изречена на возачот што ја прегази 22 годишната Теодора е законска и дека за ваквите случаи Законодавецот предвидел казни од 1 до 5 години затвор.
„Човечкиот живот нема цена и не постои казна што може да се даде кога гледате низ очите на оштетените и таа загуба не може да се надомести. Законот има граници и определил колку тоа дали ние го сакаме или не, во конкретниов случај казната е од 1 до 5 години.
Така одлучил законодавецот, тоа не го одлучил судот, тоа не е наша одлука. Собранието го изглаласло тој закон кој и ден денеска е во сила. Треба суштински реформи во Кривичниот законик и ако бараме ад хок или итни решенија, нема да донесат ефект затоа што во иднина ќе ги имаме истите проблеми.
Законската рамка е од 1 до 5 години и не можеме некого да го осудиме 10“, рече Камбовски во гостување н а „24 Анализа“.
Семејството на Теодора преку прашање испратено до Телевизија 24, го прашаа Камбовски зошто е изречена ниска казна за предмет кој тргнал повторно од почеток. Според него, предметот не тргнал од 0 туку ги поминал сите три инстанци.
„Предметот не тргнал од 0 ги поминал трите инстанци. Врховен суд ги укинал двете преусди и се вратил на почеток. Во сите тие инстанци жалби изјавувал само обвинетиот.
Согласно нашите закони, согласно европските закони и практики кога само обвинет ќе поднесе жалба не може, се натаму во врска со санкцијата да биде во негова штета и тоа се факти“, одговори Камбовски.