Најдобрите македонски ракометарки ја победија Литванија со 31-24 на турнирот во Анталија и со многу повеќе оптимизам може да го очекуваат бараж двомечот со Шведска меѓу 10. и 13. јуни. Овој триумф ни беше неопходен бидејќи вчера отворивме со пораз од Русија, а утре не чека средба со домаќинот Турција.

“Враќањето на Бајрамовска е многу голем плус за нас, но има и напредок кај сите девојките. Се надевам дека тоа ќе се покаже и во средбите со Шведска“, рече денеска капитенот на селекцијата Елена Ѓорѓиевска.

Миријета Бајрамовска со 6 гола беше најефикасна во мечот во кој водевме цело време, а по пет во нашиот состав дадоа Ивана Гакидова и  Елена Лавриновиќ.