Откако Исламска држава ја изгуби својата последна голема база во Сирија, се закани дека ќе напаѓа во останатиот дел од светот.
Веќе подолго се предупредува дека дел од „борците“ на ИСИС се преселиле во Европа благодарение на бегалскиот бран, а оваа терористичка организација ги повикуваше своите следбеници „да ја пренесат војната на улиците на главните европски градови“.
Жан-Марк Рикли, експерт за глобален ризик во Женевскиот центар за безбедносна политика (ГЦСП), смета дека губењето на последното упориште Деир ез-Зор во Сирија претставува значаен финансиски и територијален удар за ИСИС.
„Тие ќе мора да ги засилат нападите во други делови од светот… ИСИС веќе не може да ја продава сликата за калифат која привлече толку многу џихадисти во 2014 година. Ја изгубија основата на нивната пропаганда“, вели Рикли.
Најмалку 5.600 се вратиле во своите земји по нападите за демонтирање на оваа терористичка организација/држава во Сирија и Ирак,
Минатиот месец американски „Сентер Соуфан“, објави дека милитанти во последните две години се вратиле во 33 држави. Меѓу нив се земјите од Балканот за кои постојат податоци дека не останале имуни на враќањето на дел од вкупно 5.600 „борци“ на ИСИС
Тој смета дека иако калифат на ИСИС е мртов, неговата идеологија е жива и ќе биде многу потешка за уништување, но ќе биде потребно и повеќе време отколку што беше потребно да се порази во Сирија и Ирак.