Меѓународната администрација на Косово ќе истражува дали во процесот против Лирим Јакупи Нацист имало закани или корупција насочени кон судијата кој одлучувал за озлогласениот косовски криминалец.
Извори во косовската администрација која што се заминава со мониторинг на судските процеси велат дека се истражуваат врските меѓу судијата кој ја донесол одлуката и луѓе блиски на Нацист. Засега не се исклучува ниту сериозни закани за семејството на судијата нити големи финансиски средства.
Нацист е единствениот терористт кој што во 2007 година избега од обрачот на македонските специјалци во селото Бродец каде што беа убиени неколку негови соборци. Тој од Бродец избегал по телефонски повик на сателитскиот телефон кој според извори во македонските безбедносни служби дошол преку српска мобилна мрежа но тргнувал од западна земја. Македонските власти никогаш не открија детали од акцијата која што беше целосно снимена од сателити и дронови ниту пак ги докажаа тврдењата дека Нацист работи за српски и западни служби.
Судот во Гњилане пред неколку дена го ослободи озогласениот Лирим Јакупи алијас Нацист, герилец на Косово, Македонија и Србија, кај нас осуден во отсуство во со две одделни пресуди на вкупно 30 години казна затвор.
Според Балкан инсајт, надлежниот судија го ослободил од обвинението за напад на полициска патрола 2004 година во Скопје и Тетово, а за делото неовластено поседување и употреба на оружје истекол рокот. Со првиот случај се занимаваше ЕУЛЕКС и полициски инспектори од земјава, со обвинение дека во септември и декември 2004 групата пукала и повредила полицајци, а Нацист веднаш по настанот избегал.
Но, случајите за кој сега е ослободен не се единствени во неговото криминално досие во македонското МВР. Тетовскиот и скопскиот суд го осудија на по 15 години затвор, првиот за оружје, вториот за настаните на Бродец.
Со две активни меѓународни потерници преку Интерпол, останува неизвесна екстрадицијата на Јакупи од страна на косовските власти. Од македонската влада велат дека во тек е екстрадициска постапка по поднесено барање до правосудните органи на Косово, нагласуваат дека потерниците се активни до завршување на постапката за враќање на бегалецот.
На македонската јавност Нацист и стана познат од 2004, се поврзуваше со кондовската група на Агим Красниќи. Судот во Тетово го осуди во отсуство на 15 години затвор за оружје, напад врз полицаец и за убиство. Во стан во кој под кирија биле сместени тројца студенти од Косово, Јакупи и негов соработник почнале да пукаат со автоматска пушка и рачен фрлач. Во акцијата полицаец беше тешко повреден, додека еден студент почина од повредите. Јакупи повторно успеа да побегне на Косово.
Косовската полиција го уапси во 2010, во неговиот стан биле пронајдени калашников, гранати, пиштоли. Откако одлежал, уапсен е на излегување од затвор од страна на ЕУЛЕКС во 2014, поради распишаните потерници во Македонија.