„Тие добиваат стотици милиони, па дури и милијарди долари, а потоа гласаат против нас“, изјави Трамп пред гласањето на Генералното собрание во четвртокот, со која се осудува одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Ники Хејли, американската амбасадорка во ОН, изјави дека ќе ги запише сите оние кои ќе ја поддржат резолуцијата и дека лично ќе му пренесе извештај на Трамп.


Но, и покрај притисокот, 128 држави гласаа за резулуцијата, меѓу кои и Македонија.

За Македонија гласањето „против“ има уште еден аспект – односите со Израел…

Триесет и пет земји се воздржаа од гласање, меѓу кои Канада, Мексико, Руанда и Уганда, а девет (Гватемала, Хондурас, Маршалските Острови, Микронезија, Науру, Палау и Того) гласаа против резолуцијата, заедно со САД и Израел.

Како што пишува Independent, Хејли навистина зеде хартијата и молив и ги запиша имињата на сите земји што беа против одлуката на Трамп.

Сега е на потег Америка, односно останува да се види што ќе се случи со земјите кои досега од Америкадобиле  голема количина помош, а гласаа да се отфрли одлуката на Трамп. Како Украина, на пример…

Но,  колку е реална заканата?

Во 2015 година, помошта на САД кон странски држави изнесуваше околу 58,6 милијарди долари и изнесуваше што е 1,3 отсто од вкупниот федерален буџет.

Речиси половина од помошта (43 отсто) отиде во билатерални програми за економски развој, 35 отсто за воена и друга безбедносна помош, 16 отсто беа наменети за хуманитарни програми, а шест отсто а за поддршка на мултилатералните институции.

Хуан Кол, професор по историја на Универзитетот во Мичиген, се сомнева дали заканата на Трамп навистина имала ефект врз резултатите, пренесува „Ал џезира“.

„Помошта што САД ја даваат е за да се воспостави влијание на САД“, напиша Кол на неговиот блог пред гласањето во четвртокот.

Кол вели дека земјите кои ќе бидат „казнети“ и ќе останат без американска помош, едноставно ќе ја ослабат позицијата на САД во ОН.

Тоа, исто така, ќе им наштети на американските компании, бидејќи голем дел од американската помош доаѓа во облик на американска воена опрема, напиша Кол.

Без влијание на САД во форма на странска помош, земјите како Кина и Русија би можеле да го заземат местото на Америка.