Струга, градот во Македонија распослан на брегот на Охридското Езеро кој реката Црн Дрим го дели на два дела. Познат е уште од времето на Илирите и многу од старите патеписци во своите писанија забележале дека Струга е многу жив град со развиена трговија,убави дуќани и прекрасни куќи на богатите жители. Оттогаш веројатно потекнува и изреката “Како Струга нема друга”
Хотели, апартмани, ресторани, пицерии, кафулиња, легла во приватно сместување на секој чекор во Струга,но така е тоа на сета убавина како и на сите култтурно-историски споменици. Во текот на годината Струга ја посетуваат околу 60.000 туристи кои остваруваат близу 300.000 ноќевања.
Од 1961. година Струга е домаќин на светски познатиот фестивал на поезијата “Струшки вечери на поезијата” кои се одржуваат кон крајот на месец август. Струга е центар на настаните, но дел од содржините има и во Охрид, како и други делови на Македонија. Струшките вечери на поезијата и патувањето на јагулите се веројатно двете најпознати нешта кои ја карактеризраат Струга во светот.
Како најважни културно-историски споменици во Струга ги издвојуваме: Црквата Свети Ѓорѓија чии фрески потекнуваат од 13. до 19. век. Друга црква со исто име, изградена во 1267. година. Во рибарското село Калишта се наоѓаат црквата Света Богородица и пештерската црква Свети Атанасиј. Од исламските споменици би ги издвоиле Хелвети теќето и Амамот.