Потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во емисијата 360 на Алсат – М со новинарот Васко Поп Петрески го објасни планот на новата влада како да ја намали невработеноста за која ВМРО – ДПМНЕ вели дека е на рекордно ниско ниво во историјата на независна Македонија.
Манчевски вели дека за среќна на СДСМ во изминатите десетина години поради тоа што нивните членови и симпатизери немале пристап до државната администрација започнувале сопствен приватен бизнис и целта на партијата сега ќе биде преку поддршка за реалниот сектор да се зголеми бројот на вработувања.
Тој не крие дека дел од активистите на СДСМ очекуваат вработување во администрацијата и дека и за нив под исти услови како и и за сите останати граѓани ќе има место таму, но вели дека фокусот ќе биде на отворање на нови работни места во приватниот сектор вклучително и за нивните членови.
Делот од видеото каде што Манчевски зборува за планот за зголемување на работните места и за очекувањата на партиските членови на СДСМ од новата влада почнува на 12 минути и 38 секунди а завршува на 15 минути и 51 секунда.