Битолчанецот Никола Шиндре и порталот антропол.мк преку ноќ станаа најцитираните македонски извори на информации.
Ставот на Шиндре дека „Сексуално маргинализирана заедница се и педофилите, но, од политички причини, мејнстрим квир движењето ги напушти овие луѓе или барем не ги споменува толку често во дискурсот кој го промовира во јавноста“, предизвика масовна хистерија и дебата (која тешко може да се нарече дебата).
Илјадници постови, шерувања, коментари, навреди, клевети и закани следуваа по контраверзниот став на битолчанецот кој направи непоправлива штета на ЛГТБ заедницата на која можеби и самиот и припаѓа.
И сето тоа за мислење на човек за кој нема јавно достапна проверка на деловна способност и за човек кој не се плаши дека некој родител кој во семејството има жртва на педофилија и се соочува со последиците од таков непририден и кривично казнив акт може да му ја скине главата на Широк Сокак или на Битпазар, сеедно.
Затоа Шиндре ако веќе не купил карта за Холандија каде што имаше обид за формирање на Партија на педофили веднаш да го стори тоа, пред се поради неговата лична безбедност но и поради опасноста да биде гонет од јавното обвинителство за промовирање или поттикинување на кривични дела од областа на сексусалноста.
Шиндре минатат година стана познат во македонската јавност откако со помош на перформанс се обиде да најде пари за лекување на татко му и мајка му кои што беа болни од рак.
А порталот антропол.мк кој ги пренесува ставовите на Шиндре јасно во својата „Цел“ објавена на интернет најавува дека ќе отвара за македонската јавност „ненормални теми“
Мисија на Антропол.мк
Идејата на ова електронско гласило е преку изразните средства достапни на интернет просторот да направи верно отсликување на стварноста, нејзина дескрипција, рефлексија, како и прикладно толкување на настаните што го формираат нејзиниот контекст. Претпоставката од која тргнува нејзиното формирање е дека на радарите на социо-политичката рефлексија во нашето општество постојано остануваат незабележани оние појави кои стварно го обликуваат животот на обичните луѓе во него. Следствено тие материјални сили остануваат непрепознаени, неопишани, како и непротолкувани. Ова придонесува на тоа да обичниот човек остане на слепото влијание на овие сили, кои го обликуваат неговиот живот, а од кои повеќето го ограничуваат неговото поле на економска, политичка и креативна слобода. Оттука целта на овој портал ќе биде да ја осветли ваквата поставеност на општеството, со цел врз неа да може да се изгради свест која ќе претставува основа за негова промена.
Прагот кој го поставува ова гласило е дека секоја дескрипција, став и рефлексија нема да го запостави човекот како поединец. Тоа значи дека Антропол се стреми да не генерира теорија која ја осиромашува човековата природа, која е историски посредувана.
Централната тема, а воедно и differentia specifica на овој сајт ќе бидат политичките, социолошките, филозофските, психолошките и сите други размислувања кои тргнуваат од позицијата на поединецот и оттаму ја градат критиката кон сите други односи во кои поединецот влегува.