Министерството за надворешни работи на Република Македонија, денеска го осуди синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој според досегашните инфомации животот го изгубија 7 лица и 48 се повредени.
Според информациите од Лондон нема Македонци меѓу жртвите и повредените во Лондон
Сите заинтересирани македонски граѓани може да се обратат во Амбасадата на Република Македонија во Лондон и во Министерството за надворешни работи доколку сакаат да добијат повеќе информации за нивни роднини или пријатели за кои што немаат соодветни информации.
МНР е во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Лондон. МНР ја известува јавноста дека Амбасадата стапи во контакт со Метрополитен полис и потврдува дека засега меѓу жртвите и повредените не се евидентирани македонски државјани.
Контакти на кои може да се информирате:
Амбасадата на Република Македонија во Лондон
Контакт-телефон: 00442079760535
Електронска адреси на Амбасадата: london@mfa.gov.mк и sek.london@mfa.gov.mk
Министерството за надворешни работи
Лице за информирање на јавноста – Силвана Ивановска
Контакт-телефон: 00389 72 239052
Електронска адреса: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk