Како Даку ги „палеше“ албанските навивачи во Хамбург, меѓу кои и Груби, со пцуење на Македонците (ФОТО+ВИДЕО)

Гестот на фудбалскиот репрезентативец на Албанија, Мирлинд Даку, по синоќешниот натпревар со Хрватска на Европското првенство во Германија, со кој го навлече гневот на Македонците, кои ги опцу преку мегафон поттикнувајќи такво скандирање на албанските навивачите на трибините во Хамбург, го обиколи светот.



Британски „Дејли мејл“, украински Укр.нет, полски Спорт и други медиуми опширно известуваат за со ништо непредизвиканото навредување на мнозинскиот народ во Македонија, дотолку повеќе што таа не учествува на ова ЕП.

Повикот од фудбалерот на руски Рубин Казан, роден во Гнилане на Косово на видеото:

На стадионот во Хамбург беше и бившиот „прв вицепремиер“ Артан Груби, за што се пофали самиот на Инстаграм и кој речиси и да не пропушта натпревар на Албанија, за разлика од Македонија, чиј висок функционер беше до неодамна.