Казни месецов добија 18.132 учесници во сообраќајот

Дури 18.132 платни налози им биле изречени на граѓани-учесници во сообраќајот од почетоков на месецов заклучно со вчерашниот ден.

Полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР издале казни за сторени прекршоци по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, дознава Макфакс.

Најголем дел од тие непочитувања на сообраќајните правила и прописи се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање – 4.213 инепоседување на возачка дозвола – 1.510.