Полска усвои закон кој предвидува парични казни или максимум 3 години затвор за лица, вклучувајќи странци, кои ги обвинуваат полскиот народ или земјата за учество во нацистички злосторства и погрешно ги ословуваат концентрациони логори на нацистичка Германија на полска територија како полски.
Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша спорниот закон за холокаустот, поднесен од конзервативците, со кој се предвидува казна затвор за употреба на формулацијата „полски логори на смртта“ и за ширење на други факти за учество на полската нација во холокаустот.
Дуда рече дека сака да го сочува доброто име на Полска и на Полјаците во странство, но така ризикува да ги зголеми тензиите со Израел, САД и Украина.
Израелските лидери гледаат на законот како на обид, Варшава да ја отфрли или да негира вмешаност на некои Полјаци во геноцидот врз Евреите и дури да им попречи на преживеаните од холокаустот да раскажуваат за искуството поврзано со соучесништвото на некои Полјаци во убиствата на Евреи и нивно предавање на нацистите.
Летото 1941, шевот на СС Хајнрих Химлер го повикал новоназначениот командант на Аушвиц, Рудолф Хес, и го информира дека „Фирерот понуди финално решение за Еврејското прашање. Ние, СС, мораме да се погрижиме за тоа… Поради тоа, јас го одбрав Аушвиц за таа цел“.
Нередната 1942 година, вториот по ранг командант на СС-силите, Рајнхард Хејдрих на конференцијата во Берлин ги изнел плановите за Финалното решение.
Според него, Евреите од Европа треба да се депортираат во Полска, каде што со полна пареа се граделе нови погони за истребување во конц-логорите на смртта Белзец, Собибор, Треблинка и Аушвиц Биркенау.
На 22 март 1943 околу 7.200 Евреи од Македонија биле насилно транспортирани во конц-логорот Треблинка и сите биле убиени.