Со голема веројатност Горан Пандев ќе замине од Џенова што е најавено и со потезите и изјавите на претседателот Енрико Прециози кој сака да го освежи тимот со помлади кадри.

33. годишниот Пандев две години се мачи со формата на Луиџи Ферарис стадионот каде направи и една од поголемите гол паузи во кариерата, долга 19 месеци. За сега не се објавуваат имиња на зинтересирани екипи и нејасно е дали понудата од Кина која беше активна пред една година, се уште е активна. Струмичанецот во Италија дојде во 2001. година и сега ја завршува 15. сезона со тоа што една година беше во Галатасарај.