Европските шампиони, ракометарите на РК „Вардар“ се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ околу 11 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, по што преку булеварот Гоце Делчев пред зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.
Оттаму црвено црната колона ќе се движи лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија.
Поради големиот услех – европската клупска шампионска титула на РК „Вардар“, ЈСП СКОПЈЕ организира бесплатен автобуски превоз за дочек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“.
Термините и локациите на тргнување на автобусите се следни:
- Ѓорче Петров
Тргнува од црквата „Свети Петар и Павле“ во 9:30 часот, со застанување на следните локации:
– City Mall,
– Хотел „Карпош“ (наспроти Хотел „Карпош“ кон центар) и
– Македонски Пошти.
- Кисела Вода
Тргнува од почетен терминал на линија 24 во 9:30 часот, со застанување на следните локации:
– Општина Кисела Вода,
– Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и
– Алкалоид (Автокоманда).
- Аеродром
Тргнува од ТЦ „Скопјанка“ (пред Тобако 2) во 9:30 часот, со застанување на следните локации:
– Т.Ц. Бисер,
– Пошта (Ново Лисиче),
– ФФМ (Ново Лисиче) и
– Слаткарница „Шарлота“ (автопат на излез од Маџари).